Лео Меси како што е познато не се раздели на пријателски начин од ПСЖ, посебно од фановите на овој клуб кои беа гневни на се она што тој прикажа во изминатите две сезони во дресот на “светците“. И дека и натаму се гневни на него, доказ е тоа што тие прикачија транспарент пред стадионот на Интер Мајами на Флорида, а на него пишуваше:
“Меси: Се ослободивме од твојата ароганција“…
За разлика од нив сега фановите на Интер Мајами можат да уживаат во фудбалските мајстории на најдобриот фудбалер во историјата. Очигледно е дека фановите на ПСЖ не знаеја да го ценат фактот дека најдобриот во историјата игра занивниот тим.