Фрлени цигли врз автобусот на Астон Вила на враќање од Барнли

198

Клупскиот автобус на Астон Вила бил нападнат по денешниот натпревар од Премиер лигата против Барнли.

Инцидентот се случил на клучката 10, на автопатот М65, по натпреварот на „Турф Мур“ попладнево, соопшти полицијата.

Фудбалскиот клуб Барнли соопшти дека биле „тажни и ужасни“ кога дознале за нападот.

„Откако разговаравме со луѓето од Вила, со олеснување слушнавме дека никој не е повреден во инцидентот. Ние силно го осудуваме ваквото однесување и ќе ја поддржиме полицијата во Ланкашир во нивните напори да открие кој е одговорен“, се вели во соопштението на Барнли .

Астон Вила денеска победи со 3:1 во Барнли во третото коло од Премиер лигата.

ПретходноНаполи сигурен против Сасуоло, Џенова го шокираше Лацио (ВИДЕО)
СледноКлоп за неверојатниот пресврт со 10 фудбалери: Ова не сум го доживеал во моите 1000 натпревари!