Капитенот на Рома: Не знам што може да ни донесе Лукаку

271

Ромелу Лукаку денеска би требало да стане играч на Рома. Белгискиот фудбалер беше отпишан од Челзи, а потоа пропадна неговата преселба во Јувентус и покрај неговата голема желба да се приклучи на торинскиот клуб.

Иако до пред неколку месеци се колнеше на љубовта кон Интер, каде минатата сезона беше на позајмица. Интер не успеа да го задржи, а потоа почнаа маките на Лукаку.

Тој на крајот ќе заврши во Рома на позајмица, коментираше нивниот капитен Лоренцо Пелегрини:

„Не знам што би можел да ни донесе Лукаку, но има и такви кои работат на реализација на трансферот. Кога ќе биде готов, тогаш ќе види што може да донесе, инаку е како да зборуваш за кој било играч на светот“, изјави италијанскиот играч за врска.

Лукаку е под договор со Челзи до 2026 година. Минатата сезона постигна 14 гола со седум асистенции на 37 настапи, но тоа е далеку од сезоната 2020/2021 кога го предводеше Интер до шампионската титула во Италија со 30 гола и десет асистенции. Трансфермаркт неговата вредност ја проценува на 40 милиони евра.

ПретходноИсториски триумф на Јужен Судан на Мундобаскетот
СледноДокументарецот за Дарко Панчев прогласен за најдобар филм за личност во спортот