Мал скок на Ѓорческа и Стоилковска на ВТА листата

89

Македонските тенисерки Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска имаат мали поместувања нагоре на ВТА листата. Ѓорческа со 312 поени се наоѓа на 233. место или скок за четири места, додека Стоилковска е рангирана на 1.345 место со 5 поени (скок шест позиции).

Ѓорческа оваа недела ќе се подготува за следните два турнира првиот во Виена, а потоа следната недела во Скопје, додека Стоилоковска оваа недела ќе настапува на фјучрсот во Куршумлијска Бања каде е директна учесничка.

Во конкуренција на двојки Ѓорческа е рангирана на 283.то место со 284 поени (пад за едно место), додека Александра Симева е рангирана на 1435.то место со три поени (пад за две места).

ПретходноВојна меѓу Американците: Најбрзиот во светот против НБА ѕвездите – веднаш стигна одговор!
СледноСаудијците со порака до Наполи: Тргнете ни се од патот, зошто повторно ќе ве казниме