Уште еднаш чудото на Маџари кое долго ќе се раскажува! (ВИДЕО)

1453

Вчера во меч од 5.коло во ПМФЛ, Работнички против Шкендија имаше водство од 1:0 се до 90+2.минута. Никој ни во сон не помислуваше дека до крајот Шкендија ќе победи. И така и беше.

Прво Дита со шут со глава во 90+2.минута успеа да го израмни резултатот на 1:1, за да во 90+5.минута Красничи ја искористи смушеноста на домашната одбрана да ја протне топката во голот за 1:2.

Следуваше невидена еуфорија кај тетовци и големо, големо разочарување кај домашните кои имаа в раце три бода но останаа без ниту еден.

Чудото на Маџари, за кое ќе се раскажува уште долго, вреди да се погледне уште еднаш.

ПретходноШкупи се “ослободи“ од Бразилецот Дуду Сампаијо!
СледноНовак Ѓоковиќ на победа од врвот на АТП-листата