По ужасно лошиот старт раководството на Работнички размислува да направи тренерска рокада. Летово клубот инвестираше во многу нови играчи, се очекуваше многу во новата сезона, сепак, по првите пет натпревари забележа три порази.
Работнички го има еден од најдобрите тимови во Македонија, а ова е неочекуван старт.
Па како што дознава „СпортСпорт“, раководството на клубот има намера да му врачи отказ на тренерот Милан Илиевски и на негово место да го назначи Срѓан Захариевски кој имаше три супер успешни сезони во Струга Трим Лум.