Ѓорѓиев пред ЕП: Живееме за ова!

170

Македонската одбојкарска репрезентација утре против Данска во СЦ „Борис Трајковски“ го отвара Европското првенство. Ова ќе биде трет континентално натпреварување за нашите момци, желбата и гладта за победа е видлива кај сите оние кои ќе истрчаат на теренот почнувајќи од капитенот Никола Ѓорѓиев.

Македонија се наоѓа во тешка група со Данска, Црна Гора, Полска, Холандија и со Чешка, а капитенот се надева дека на првиот меч ќе влезат многу позрело за разлика од претходните евро-шампионати.

„Голема благодарност до НЛБ-банка која не препозна и ќе биде со нас, ќе биде голем ветар, за остварување на нашата цел. Немаше играч кој беше надвор од терените подолго од два до три дена. Одигравме голем број на натпревари, вкупно 16. Од оваа страна влегуваме максимално подготвени за ова Европско првенство.

Групата е доста тешка, прв фаворит е Полска, па Холандија и Чешка, па Данска и Црна Гора кои се на наше ниво. Утре е голем ден, мора да влеземе малку позрело за разлика од претходните две Европски првенства каде првиот меч беше „живот или смрт“, а подоцна кога го загубивме натпреварот веќе на следниот не можевме да се препознаеме. Се надевам дека ќе бидеме доста мудри, патметни и ќе имаме трпение, заедно со цела Македонија ќе успееме да се радуваме на убава победа.

Ќе дадеме се од себе, живееме за ова. Се надевам дека утре ќе успееме да ве израдуваме“, порача капитенот.

ПретходноОдбојкарите се подготвени, Миленковски порача: Верувам во овие момци, се надевам дека ќе испшеме нова историја!
СледноГерманска перфекција, Финска немоќна