Репрезентацијата на Канада со перфектен скор од три победи во три натпревари ја финишира групната фаза на кошаркарскиот Мундијал. Канаѓаните предмалку ја совладаа Летонија со 101:75 и го освоија првото место во групата.
Како по обичај Чеи Гилџус Александер најдобар поединец во таборот на Канада со 27 поени шест скока и шест асистенции, а следува Барет со 22.
Летонија е втора со пет бодови и исто така оди понатаму.