Јошко ги одбра 14-те одбојкари со кои ќе бие битка за осминафинале на ЕП 2023

512

Нашите одбојкари вечерва го почнуваат Европското првенство во Скопје со меч против Данска. Шесте репрезентации кои ќе играат во групата „Ц“ во Скопје веќе пристигнаа во нашиот главен град, а по техничките состаноци вчера познати се комплетните ростери со кои репрезентациите ќе играат во првата фаза од првенството.

Селекторот на нашата репрезентација, Јошко Миленкоски ги одбра 14-те одбојкари на кои ќе смета за петте силни пресметки во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Ова е изборот на Миленкоски и нашите репрезентативци кои ќе имаат можност да го почувствуваат Евроволеј 2023 веќе со вечерашниот дуел против Данска.

🇲🇰 МАКЕДОНИЈА – ОФИЦИЈАЛЕН СОСТАВ:

1- Дарко Ангеловски (либеро)

2 – Ѓорѓи Ѓорѓиев (техничар)

3 – Тоше Ефремов (примач)

4 – Никола Ѓорѓиев (коректор)

5 – Владо Милев (примач)

7 – Славе Наков (среден блокер)

8 – Александар Љафтов (примач)

9 – Филип Лепидовски (среден блокер)

11 – Филип Деспотовски (техничар)

15 – Филип Маџунков (среден блокер)

16 – Стојан Илиев (примач)

17 – Лука Костиќ (примач)

19 – Костадин Ричлиев (либеро)

20 – Филип Савовски (среден блокер)

селектор: Јошко Миленковски

ПретходноЕфектот Меси: Интер Мајами гради нов стадион вреден 1 милијарда долари
СледноСАД, Србија и Грузија први по групната фаза