Андријана Поп Арсова и Дарио Ивановски се победници на трките од Националното првенство на Македонија во полумаратон. Истите се одржаа како дел од календарот на Атлетска Федерација на Македонија.
И двајцата атлетичари од АК Делта триумфираа во машка и женска конкуренција. Првите три места во женска конкуренција ги освоија членовите на АК Делта. Андријана Поп Арсова заврши прва на целта со време од 1:29.00 часа, зад неа беше Миљана Ристиќ, додека на третото место и припадна на Маја Рајчина.

Во машка конкуренција победникот, Дарио Ивановски (АК Делта), полумаратонот го заврши со време од 1:11.41 часа. Второто место му припадна на неговиот клупски колега, Атанас Анчевски кој оствари време од 1:13.12 часа, додека Кокан Ајановски го освои третото место.











