Грција се изнамачи со Нов Зеланд, Шпанија рутински, познати се сите учесници во ТОП-16 на СП!

85

 

Се чини дека малку недостигаше Грција да не ја види втората фаза од СП.Имено на мечот со Нов Зеланд, меч кој решаваше која од овие две екипи ќе оди натаму, јужниот сосед очајно го почна мечот. На моменти Нов Зеланд имаше и 13 поени разлика. Сепак работите си дојдоа на свое место во третата и четвртата четвртина кога Грците одиграа како што треба и на крајот славеа со 83:74 со што изборија пласман во следната фаза.

Шпанија во меч против Иран, кој речиси ништо да не решаваше, одигра сосема рутински и без никакви проблеми победи со 85:65

Со овој натпревар и дефинитивно заврши првата фаза од Мундијалот. Сега се познати сите екипи кои се пласираа во ТОП-16, односно во следната групна фаза.

Во продолжение можете да ги видите сите групи. Секоја селекција ќе одигра по два меча, првите две репрезентации од секоја група ќе изборат пласман во 1/8 финалето на Мундијалот.

ГРУПА-И

Србија 6, Доминикана 6, Италија 5, Порторико 5

ГРУПА-Ј

САД 6, Литванија 6, Црна Гора 5, Грција 5

ГРУПА-К

Словенија 6, Германија 6, Австралија 5, Грузија 5

ГРУПА- Л

Шпанија 6, Канада 6, Бразил 5, Летонија 5

ПретходноДресовите на одбојкарите кријат моќна порака: „Ние сме Македонци“! (ФОТО)
СледноПромоција: Бујар Хајдари во дресот на Воска Спорт!