Дечко враќај се на трибина… ама ја сум Бонучи…(ВИДЕО)

4847

Синоќа репрезентацијата на Италија оствари огромен успех со пласманот во финалето на овогодинешното ЕУРО. „Азурите“ беа подобри од Шпанија по подоброто изведување на пенали, и сега го чекаат победникот од мечот Данска Англија.

Во еуфоријата која ги зафати Италијаните нормално уживаа сите, Леонардо Бонучи „дивееше“ заедно со навивачите, и во еден момент буквално се соедини со нив. Сакајќи да се врати на терен, дел од обезбедувањето ревносно вршејќи си ја работата не му дозволи, затоа што мислеше дека е дел од навиачкиот кордон. Сепак, Бонучи на крајот се врати на терен, а целата ситуација ја прифати со радост и со смеа.

ПретходноПике: Ваква пенал серија не е фер
СледноИвановски и Поп Арсова државни шампиони во полумаратон