Рафаел Варан му кажа „да“ на Манчестер Јунајтед

1105

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан постигна усмен договор со шефовите на Манчестер Јунајтед за да се пресели на „Олд Трафорд“. Францускиот репрезентативец ги договори своите лични услови со „црвените ѓаволи“ и ќе потпише 5-годишен договор со клубот“ – велат Француските медиуми.

Сега останува Англичаните да постигнат договор со Реал Мадрид за цената што ќе треба да ја платат за да ги обезбедат услугите на 28-годишниот централен дефанзивец. На „Олд Трафорд“ се надеваат дека ќе се договорат за сума од околу 60 милиони евра, но Реал инсистира да добие 70 милиони.

ПретходноИвановски и Поп Арсова државни шампиони во полумаратон
СледноБеше резерва за Хрватска, а сега прави трансфер во Фиорентина