Искусниот македонски фудбалски стратег Марјан Секуловски повторно се впушта во авантура на далечниот исток. Поточно, поставен е тренер на прволигашот од Бангладеш, Sheikh Jamas DC.
Ова е уште еден ангажман во овој дел од светот за Секуловски кој има сега веќе богато искуство со работење во Малезија, Мјанмар, а последно во домашниот шампионат беше дел од тимот на Пелистер.