Билети за дуелот со Црна Гора има се уште, но интересот е се поголем, ОФМ чека полна сала

720
За најважниот натпревар на македонската одбојкарска репрезентација на Европското првенство во Скопје, утрешниот со Црна Гора, билети има се помалку. За разлика од првиот меч со Данска на кој на трибините во СЦ “Борис Трајковски” имаше околу 3000 навивачи, в сабота се очекува скоро двојно повеќе фанови да ги бодрат нашите одбојкари. “Немаме точна бројка на продадени билети за мечот со Црна Гора до денеска, но според некои неофицијални проценки ќе имаме значително повеќе навивачи кои ќе бидат на трибините за мечот со Црна Гора.
Билети во продажба има се уште, но сите кои сакаат да ја бодрат нашата репрезентација треба да побрзаат да ги набават. Овие момци заслужуваат да им дадеме голема поддршка за победата која може да не однесе во осминафинале на ЕП”, вели генералниот секретар на ОФМ, Зоран Карановиќ.
По дводневниот престој во Скопје, денеска нашата земја ја напушти првиот човек на европската одбојка, Александар Боричиќ. Тој искажал благодарност до ОФМ за добра организација на групата Ц на ова ЕП. Дуелот Македонија – Црна Гора ќе се одигра утре од 20 часот во нашата најголема арена
ПретходноЖдрепка ЛК: Миовски против Илиев, Ристовски и Динамо ќе гостуваат на Косово!
СледноЛетонија до ново чудо…ја победи и Шпанија!