И дефинитивно селекцијата на Летонија е вистинско чудона СП. Откако во првата фаза славеше против Франција, денеска успеа да ја победи и Шпаниј, селекција која сеуште е актуелен светски првак, и тоа со 74:69. Па така сега со овој пораз Шпанија е на работ на бездната, односно тешко дека ќе може да се пласира во следната фаза, во ¼ финалето.
Кај Летонија блескаше Бертанс со 16 поени, додека кај поразениот состав Хернангомез со 14 поени беше најефикасен.