Баерн Минхен и официјално го претстави новиот тренер

317

Тимот на Баерн Минхен, со новите раководни струкури на чело, Хасан Салихамиџиќ односно Оливер Кан, денеска и официјално го промовираше Џулијан Нагелсман за нов тренер.

Иако тоа одамна е познато, и Нагелсман веќе една недела ги води летните подготовки на тимот, сепак, клубот мораше официјално и да го претстави на јавноста.

„Нагелсман е нашата иднина, нашиот приоритет. Токму затоа и му е доделен петгодишен договор. Сакаме да тргнеме со него во една нова ера. Ја следевме неговата работа и без оглед кој што говори, едно знам, дека Џулијан е 100% фудбал. Играчите со него се многу среќни“ – изјави спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ.

 

Претходно„Blue sky investments“ официјално го презема Вардар, старт на подготовки в сабота
СледноМукаетов: Моја главна желба е Македонија да освои медал на ЕП или на СП