Дончиќ и другарите си газат, Порторико ја шокира Доминикана за драма во групата каде што е и Србија

239

Словенија со победа ја започна втората фаза и тоа против Австралија со 91:80. Со тоа Лука Дончиќ и другарите продолжуваат да газат на ова СП. Со овој триумф Словенците го обезбедија пласманот во четврфиналето.

Во текот на целиот меч Словенија ги контролираше настаните на теренот.Најефикасен на мечот беше Гидеи кај поразениот тим со 25 поени, додека Дончиќ реализираше 20 поени.

Порторико во трилер завршница успеа да ја изненади, просто да ја шокира Доминикана, која пред мечот важеше за фаворит ако се знае дека досега знае победуваше се по ред. Резултатот на крајот беше 102:97.

Со ваквиот исход сега сите во групата имаат ист број бодови, тука мислиме на Италија, Србија, Порторико и Доминикана. Ќе биде неизвесно кој две селекции ќе одат понатаму.

ПретходноЛетонија до ново чудо…ја победи и Шпанија!
Следно“Бомба“: Гостивар со понуда до Егзон Бејтулаи!