Јосип Јурановиќ на изненадување на многумина, доби шасна во стартниот состав на Хрватска на тековното ЕУРО. Крилниот дефанзивец беше во сенка на останатите, но Далиќ во обид да промени нешто во составот го „фрли“ во оган и не само што не зажали туку доби екстра фудбалер. Јурановиќ одигра најдобро што може, а истата таа минутажа на ЕУРО сега му обезбеди топ трансфер. Тој е пред преселба во тимот на Фиорентина, која е заинтересирана да го доведе во своите редови, а во моментов е член на тимот на Легија Варшава.










