ФИБА „Челенџер“ У20: Нашите кошаркарки на стартот против Луксембург

120

На една недела пред официјалниот почеток на ФИБА „Челенџер“ турнирот за кошаркарки „Под 20“ години кој ќе се одржи во Скопје, познат е распоредот на натпреварите во групата „Е“ каде ќе се натпреварува и нашата женска младинска селекција.

Распоредот предвидува пет натпреварувачки денови, и еден слободен, на 16. јули.

Нашата репрезентација ќе го отвори турнирот на 13. јули, од 21. часот, против Луксембург. Ден подоцна, во ист термин, следува натпреварот против Романија.

По два дена пауза, на 17. јули, Македонија ќе игра против селекцијата на Словачка, а турнирот ќе го затвориме со натпреварот против Косово, закажан за 18. jули од 21.часот.

Сите натпревари од ФИБА „Челенџер“ турнирот во Скопје, ќе се играат во салата на СРЦ „Кале“.

ПретходноСедлоски: Шкупи е подготвен за Европски настап
СледноМихаилов: Меч за уживање за моите играчи; Божиновски: Ќе одлучуваат нијанси