Ноле откри што правел во соблекувална: Не можам да лажам, зборував со огледалото

722

Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на УС Опен по тешка борба против Ласло Ѓере. По завршување на овој дуел тој ја отвори душата, прво им се заблагодари на сите кои останале да ги гледаат.

“Неверојатно. Речиси е два часот наутро, многу луѓе останаа на трибините и им благодарам за тоа. Се надевам дека вие уживавте, јас не. Особено во првите два сета. Еден од најтешките мечеви во сезоната. Еден од најдобрите мечеви кој сигурно го одиграв“, започна Ѓоковиќ.

По вториот загубен сет Новак побара пауза и отиде во соблекувалната.

„Не можам да лажам, зборував со огледалото, се смеев на себе, размислував што да правам. Морав да се принудам да се подигнам, да верувам. Ова ми се случило и порано во кариерата. Во некои случаи не функционираше, сега беше успешно“, алудираше Новак на тоа дека по осми пат во кариерата успеа да се врати од 0:2 во сетови.

Српскиот тенисер во четвртфиналето ќе се сретне против хрватската сензација Борно Гојо.

ПретходноДенеска ќе се одржи редовното Годишно Собрание на РФМ
СледноСкопска пресметка на Маџари: Вардар во атак на првата победа, “лавовите“ со свои сметки!