Меч за осминафинале: Македонија вечерва против Црна Гора за втора фаза на Евроволеј 2023

763

По стартната, исклучително важна победа над Данска, македонската одбојкарска репрезентација вечерва од 20 часот ќе го одигра клучниот меч за пласман во втората фаза на Европското првенство 2023. Во салата на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, вечерва, избраниците на селекторот Јошко Миленкоски пред себе ја имаат селекциата на Црна Гора, кој апо стартниот пораз од Холандија, денеска исто така во мечот со Македонија гледа шанса за успех.

„За разлика од Данска, Црна Гора игра поинаква одбојка. Малку се поспори на центарските позиции, па затоа ќе подготвиме посебна стратегија“, најави селекторот Миленкоски во очи на дуелот денеска.

Она што и одбојкарите и стручниот штаб го посакуваат е атмосфера налик, па и подобра од онаа која ја имавме на првиот меч до Данците. Полна сала ќе биде уште еден адут плус во рацете на нашите репрезентативци кои вечерва ќе се обидат да ја остварат четвртата победа на европските шампионати. На првото ЕП на кое учествувавме во 2019 година остваривме две победи (над Белорусија и Словенија), но не успеавме да се пласираме во осминафиналето, но вечерва со оглед на резултатите од првите две рунди, победа над Црна Гора ќе значи виза за осминафинале.

Со селекцијата на Црна Гора последен пат игравме на пријателски меч пред две години и славевме со 3:0. Во четири меѓусебни дуели со нив имаме три победи и само еден пораз, кој датира од 2014 година во натпреварите во Европската лига.

Вечерва е момент на вистината! Победа над Црна Гора за осминафинале!

ПретходноМукаетов: Посебно сме горди на настапот на кадетите на СП!
СледноОдложена промената во системот за натпреварување во Супер-лигата!