Како што за нас вечерашниот меч во „Борис Трајковски“ е виза за осминафинале, исто така и за противникот, селекцијата на Црна Гора вечерашниот дуел е меч на одлука. Црногорците во пресрет на дуелот со нашата селекција се умерени во изјавите, но едногласни, дека вчерва посакуваат победа.
„Присуствувавме на натпреварот меѓу Македонија и Данска, имаше околу 3000 луѓе и Македонците навистина ја бодрат својата репрезентација на прекрасен начин и секако ќе биде предизвик да се игра, но секако ќе биде убава атмосфера. Верувам дека ќе уживаме, а верувам и дека сме рамноправни ривали и со Македонија и со Данска и дека таму ќе бараме шанса да се пласираме во вториот круг“, изјавил коректорот Бојан Стругар.
„Тешко е да се предвиди каков ќе биде натпреварот. Ние сме пријатели надвор од теренот и се дружиме, но очекувам голема борба, тешка и неизвесна игра и верувам во моите момци, верувам во тимот, во она што го направивме во изминатиот период и верувам во победа“, дополни Стругар.