Лучијано Спалети и официјално денеска беше претставен како нов селектор на Италија. Поранешниот тренер на Наполи изрази благодарност до раководството на италијанската федерација за дадената доверба, а како прв предизвик се знае дека за него е гостувањето во Скопје, кај Македонија на 9 септември.
Тој призна дека шефовите на двете страни се уште се во разговори, бидејќи има работи што треба да се расчистат на хартија пред тој официјално да го потпише договорот, со оглед на фактот што тој кога беше назначен за селектор имаше активен договор со Наполи, иако не беше тренер на овој тим.
„Благодарам на федерацијата што ме назначи. Кога бев дете, ја замолив мајка ми да сошие џиновско знаме на Италија за да ја прославиме иконската победа од 4-3 победувајќи ја Германија на Светското првенство во Мексико. Се надевам дека ќе им го донесам истото знаме и истиот ентузијазам на децата на денешницата. Барам среќа и не можам да работам ако не сум среќен. Мора да бидеме среќни кога го носиме овој дрес“. – изјави Спалети, а потоа се осврна на моментот со актуелниот договор со Наполи.
„Има некои работи што треба да се поправат, но адвокатите работат и се надевам дека ќе постигнеме договор кој ќе ги задоволи двете страни“ – рече Спалети, па го прокоментира и својот избор за мечевите против Македонија односно Украина во Милано.
„Ни требаше меѓународно искуство, не сакав многу играчи бидејќи не сакав да ги испратам на трибините. Ние сме на почетокот на сезоната и не сите играчи играат редовно, затоа не ги повикав Жоргињо и Верати. Мора да имаме правилен сет-ап и став, затоа ги повикав играчите не само поради нивните имиња. Имам добар тим кој ми го остави Манчини во аманет што се вели. Го освои Европското првенство, помина 37 натпревари без пораз и им даде шанса на многу млади играчи, што е исто така важно“. – рече Спалети па поентираше.
„Сигурно ќе играме со четворица во одбраната. Сега повеќето наши централни дефанзивци играат во тројки во своите клупски тимови. Некои од оние што ги повикав играат со четворица, но сигурен сум дека некои принципи се слични. Сакаме да притиснеме високо. Во фудбалот има две работи: пресинг и градење. Имаме играчи со различни карактеристики. Можеби не бидам најдобриот селектор на репрезентацијата, но ви ветувам дека ќе бидам најдобрата верзија на Спалети – рече Спалети.
#Nazionale 🇮🇹
La lista dei 29 convocati del Ct Luciano #Spalletti per le qualificazioni a EURO 2024🇲🇰 – 🇮🇹
🏟 9 settembre – Skopje🇮🇹 – 🇺🇦
🏟 12 settembre – MilanoLa notizia 👉🏻 https://t.co/l4iTjlVHXP#Azzurri #EURO2024 #VivoAzzurro pic.twitter.com/LTeNwOSkMB
— Nazionale Italiana ⭐️⭐️⭐️⭐️ (@Azzurri) September 1, 2023