Навивач подигнал кредит за да и помогне на Црвена Звезда

1447

Љубовта на еден навивач кон својот омилен клуб се чини нема граници. Ова на дело го покажа еден голем поддржувач на „црвено-белите“, кој подигна кредит за да и помогне на Црвена Звезда.

Иако сумата не е голема, сепак гестот е на прво место. Навивач по име Драган донирал 119.000 динари. Тој не би задоволен од финансиската состојба, па токму затоа одлучил да подигне кредит и колку толку да и помогне на Црвена Звезда.

„Ветување е исполнето. 119.000 динари за нашата Звезда. Како? Подигнав кредит. Зошто? Затоа што нема предавање“, пиша навивачот на Црвена Звезда.

ПретходноЛазаров: Никој нема да има привилегии, националниот дрес мора да се заслужи
СледноЃоковиќ без проблем до полуфиналето на Вимблдон