Македонската одбојкарска репрезентација ја исполни зацртаната цел. На Европското првенство кое дел се игра и во Скопје се пласираше во осминафиналето за првпват во својата историја.
Избраниците на Јошко Миленковски вчера ја победија Црна Гора со 3-0, меч во кој доминираа, а веќе денеска ги чека нова задача, дуел против Полска.
„Имавме подготвено многу добра тактика. И претходно кажав дека на Црна Гора оваа сала не и одговара. Покрај тоа имаше голем број на навивачи, мислам преку 5.000. Како што кажав шоуто чини 500 денари, не е скапо“, е првиот коментар на популарниот Шаби, Дарко Ангеловски.
Тој посакува исполнета сала и да денешната средба против Полска (20 часот).
„Би сакал денеска бројката да биде поголема, да дојдат 10.000 (се пошегува за бројот на навивачи). Против Полска останува да уживаме. Ќе пробаме со Чешка и мислам дека можеме да ја добиеме доколку играме 20 отсто подобро од мечот со Црна Гора, а мислам дека во следните денови ќе се воиграме за да играме и 40, 50 отсто подобро“.