Историска 1-2 победа на „Априља“ на ГП Каталуња

60

 

Првпат во историјата на Мото ГП шампионатот тимот на „Априља“ се пофали со освојување на првите две места на една трка. Тоа се случи попладнево на ГП Каталуња, Шпанија со триумф на Алеш Еспаргаро, а второто место го освои неговиот клупски колега Маверик Вињалес.

Трет заврши Хуан Мартин на Дукати. Четвртото место му припадна на другиот возач на Дукати, Јоан Зарко. Петтата позиција е за уште еден возач на Априља, Мигуел Оливеира. Бањаја имаше инцидент на патеката и не ја заврши трката (ПРОЧИТАЈТЕ ПОДОЛЕ)

Во генералниот пласман водат тројца возачи на Дукати, Бањаја со 251 поен, следува Мартин со 189 поени. Безеки има 183…

 

Ужасна сцена во Барселона – Бањаја излета на асфалтот, па беше прегазен (видео)

ПретходноИвановски постави национален рекорд и стана балкански шампион во полумаратон
СледноКурек: Дојдовме да победиме од почеток до крај, го препорачувам Скопје за убаво викенд патување