Интер ја покажа силата, Радоњиќ за радост на Торино

88

Тимот на Интер предмалку на домашен терен во рамките од третото коло од Серија А, ја совлада Фиорентина со 4:0, и на тој начин покажа дека во моментов е во екстра форма.

По само 23. минути игра Турам погоди за 1:0, а на втор погодок се чекаше до 53. минута кога реализираше Лаутаро. Чалханоглу само пет минути подоцна зголеми на 3:0, а конечните 4:0 ги постави Лаутаро со својот втор погодок.

Од друг страна пак, екипата на Торинор со голот на Немања Радоњиќ во шестата минута од продолжението на мечот успеа да слави на домашен терен против Џенова и д стигне до злато вредни три бода.

ПретходноДа се наежиш: Погледнете како цела сала ја пееше химната (ВИДЕО)
СледноСтојчевски стрелец во победата на Жилина