Екипата на Вараждин со Димитар Митровски и Агон Елези во стартниот состав извлече реми на гостувањето кај Ријека со конечни 2:2. Митровски беше асистент за вториот гол на гостите со кој Вараждин во еден момент и поведе со 1:2, но откако остана со играч помалку домаќинот израмни.
Митровски е повратник во репрезентацијата на Македонија, откако доби повик од страна на селекторот Благоја Милевски за претстојните квалификациски мечеви против Италија во Скопје односно Малта на гостински терен.