Никола Ѓорѓиев: Полска сервираше „бомби“, за мене ЕП допрва почнува, одиме да ги добиеме следните два меча

380

Одбојкарската репрезентација на Македонија предмалку сосема очекувано во Скопје загуби од Послка, во рамките на Европскиот шампионат што се одржува и во нашата земја.

Фаворитот ја покажа сета своја сила, а наша среќа е што овој меч не беше клучниот за наш просперитет на овој турнир. Напротив, за нас допрва доаѓа најважниот дел.

„Искрено знаевме дека се многу подобри од нас. Се надевавме на нивен лош ден што се однесува до сервисот, но во првиот и третиот сет сервираа „бомби“. Тешко се игра кога примеот ќе излезе од трите планирани метра. Многу се високи. Италија и Полска се најдобрите на ова ЕП. Мислам дека ова се репрезенатциите кои треба д играат финале. 

За мене Европското допрва почнува, треба максимално да се одиграа овие два следни меча. Мислам дека сега ќе ни биде приоритет да ја избегнеме Италија. Во четвртфиналето секако. Менталитетот ми е таков да не се предаваме напротив, ќе се обидеме да дојдеме до една победа минимум во следните два меча. Искрено, Холандија не е мој тип на репрезентација. Исто така се многу високи, јаки. Но, ако успееме да го сопреме Нимир, според мене најдобриот коректор на светот, мислам дека ќе имаме можност да поминеме. Тој ќе си ги направи своите поени, ќе одигра она што може, но ако успееме малку да го сопреме може да биде клучно“ – изјави нашиот капитен Никола Ѓорѓиев.

 

ПретходноПрв пораз: Полска ја потврди класата, ние се фокусираме на Холандија и Чешка
СледноМиленковски: Не треба да бидеме разочарани, Полска е од друга планета, ние уживаме во добра игра и атмосфера