Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, се чини дека ќе се повлече од функцијата по Европското првенство во 2024 година, а ФА ќе тргне по Хосеп Гвардиола од Манчестер Сити како негов наследник, тврди венсикот „Дејли Мејл“.
Договорот на Саутгејт со ФА истекува на крајот на следната година и малку е веројатно дека ќе добие нова соработка. Изданието вели дека назначувањето на Пеп Гвардиола е голема желба на сите од бордот на ФА, кој е подготвен за силни преговори и убедувања со Шпанецот.
Ако сепак не успејат да го убедат менаџерот на Сити, како кандидати за замена на Саутгејт се споменуваат менаџерот на Њукасл, Еди Хау, поранешниот тренер на Брајтон и Челзи, Греам Потер, сегашниот тренер на лондонските „сини“, Маурисио Покетино и повратникот во Селтик, Брендан Роџерс.