Момците на Пешиќ „мелеа“: Србија ја „прегази“ Литванија за полуфинале на Мундобаскетот

696

Србија е првиот патник во полуфиналето на Светското првенство. Избраниците на Светислав Пешиќ одиграа одличен натпревар против Литванија, доминираа на теренот, на крајот сосема заслужено славеа со 68-87. За противник во полуфиналето на Мундобаскетот ќе го имаат подобриот од Канда и Словенија.

Богдановиќ постигна 21 поен, 18 од нив во првото полувреме, зад него беше Петрушев со 17 поени.

Литванците добро влегоа во првата четвртина, по водството на Србите од 0-2 поведоа со 8-4, најголемата предност во овој дел беше 18-12. Србите предводени од одличниот Богдан Богдановиќ и неговите 18 поени (во првото полувреме) ја добија втората четвртина со 13-25 и на одморот заминаа со плус 11 (38-49).

Избраниците на Светислав Пешиќ не застанаа тука, ја казнуваа речиси секоја грешка на противникот во 25 минута беше 48-62, нешто подоцна со поените на Грудиќ зголеми на 51-69, разлика која „орлите“ ја имаа на стартот на последната четвртина (55-73).

Аврамовиќ во 31 минута реализираше две слободни фрлања, Маринковиќ едно за 55-76. Крајот на овој меч беше потврден неколку минути подоцна кога Србија имаше водство од 57-82.

Ова беше најдобриот меч на Пешиќ и неговите момци на Мундијалот, одиграа на врвно ниво кога беше најпотребно.

ПретходноНајдобрите млади пингпонгари од денеска на силен турнир во Скопје
СледноБогдан Богдановиќ влезе во историја на Светските првенства