Три меча за Струга ТЛ во новата сезона и дојде до бројката од три гола или вкупно 189 погодок во историјата на ПМФЛ. Ако се биде како што треба тогаш јасно е дека во оваа сезона Бесарт Ибраими,“бомбардерот“ на шампионот, ќе дојде до магичната бројка од 200 голови во ПМФЛ.
Инаку Бесарт на средбата со Тиквеш, во кој неговиот тим славеше со 3:1 можеше и до хет-трик, но не успеа вториот пенал да го претвори во гол. Сепак и покрај тоа тој е играчот на 6.коло.
Покрај него во тимот на колото се и Незири и Радески, од Вардар тука се Омерагиќ и Мицевски, од Воска која славеше против Брегалница се Марушиќ и Николиќ. Работнички одигра добро кај Брера, освои бод, и затоа тука се Алексовски и Содик.
Силекс победи во Гостивар, најдобар беше Ристовски а во дербито во Тетово каде играа Шкендија и ШКупи 0:0, Илиески беш одличен во одбраната на гостите.
ИГРАЧ НА КОЛОТО
БЕСАРТ ИБРАИМИ
Тим: Струга ТЛ
Роден: 17.12.1986 во Кичево
Кариера: Влазерими, Напредок, Ренова, Шалке, Севастопол, Тавриа, Металург Запорожје, Енозис, Шкендија, Ксанти, Струга ТЛ