Данецот си замина од Ница: Каспер Шмајхел ќе брани за Андерлехт

110

Познатиот дански голман Каспер Шмајхел си замина од екипата на Ница и се пресели во Белгија во дресот на Андерлехт.

Тој минатото лето неочекувано го напушти Лестер, како капитен на тимот и што е уште почудно, како следна дестинација ја избра Ница. Данецот стана слободен играч откако на заедничка согласност го раскина договорот со Ница и потоа веднаш потпиша договор со Андерлехт.

Шмајхел потпиша договор 1+1, па со тоа и можност да го продолжи на уште една сезона следното лето.

ПретходноПрвиот судија во Премиер лигата потврди: Голот на Аке беше од офсајд, неверојатно е како ВАР не го поништи
СледноИм донесе светска титула, па го отпуштија затоа што бил близок со Рубиалес!?