Спалети „гради“ нова Италија: Формација со тројца напаѓачи и без сигурни стартери

430

Уште од првиот ден на својата нова работа како селектор на Италија, Лучијано Спалети почна да ја „гради“ новата Италија. Како што пишува „Кориере дела Сера“, новиот селектор на „аѕурите“ веќе почна да ја воигрува новата тактичка формација 4-3-3 со која ќе дебитира на мечот во Скопје, која во одреден дел може да претрпи промена во 4-2-3-1.

Целта е да се размрда групата фудбалери, која по освојувањето на ЕП 2020 падна во некоја летаргија. Спалети уште на првата средба со репрезентативците им рекол дека би сакал да види репрезентација која ќе има свој имиџ. Тактички ориентирана кон многу флуиден систем 4-3-3 и склон кон 4-2-3-1, со средишна линија со двајца играчи, а третиот играч од средниот ред да има и офанзивни задачи. Весникот тврди дека кај Спалети нема сигурни стартери, освен можеби голманот Донарума, заедно со неговиот миленик од Наполи, Ди Лоренцо. Тука како сигурни би ги додале и Барела и Политано, додека сите други, па дури и Чиро Имобиле, би требало да се изборат за првиот тим кој ќе излезе во Скопје.

ПретходноИм донесе светска титула, па го отпуштија затоа што бил близок со Рубиалес!?
СледноВардар се засилува со младински репрезентативец на Србија