Фудбалскиот клуб Бенфика заработил 722 милиони евра од продажба на фудбалери од 2001. година па до денес, објави специјализираниот сајт „Трансфермаркт“.
Сајтот ја објави листата на клубови кои најмногу заработиле од продажба на играчи во 21.век. На второто место се наоѓа уште еден португалски клуб Порто, кој од продажба на фудбалери инкасираше 672 милиони евра.
На третото место е Ајакс со 584 милиони евра, четврти е Лил со 435 милиони евра.
Петти е Спортинг од Лисабон со инкасирани 409 милиони евра, следуваат Салцбург (382), Удинезе (370), Динамо Загреб (334)…