Кога Столе зборува: Легендата на Вардар ја превзема диригентската палка (ВИДЕО)

2877

Во овој момент во салата „Парк“ Пелистер и Вардар 1961 се борат за првиот пехар оваа сезона, овој пат за Супер-купот. На полувремето резултатот е 13-13, што пак ветува интересна битка до самиот крај.

Најтрофејниот македонски тим е без својот прв тренер, Владо Недановски кој треба да ја „одлежи“ суспензијата од четири меча која ја доби на крајот на минатата сезона, а неговото место го на лист му припадна на Стојан Петрушев, сепак диригентската палка ја има Стојанче Стоилов.

Легендата на Вардар и довчерашен капитен го одржа својот прв тајм-аут, еве како изгледаше. Столе многупати и како играч знаеше да додели совети и да ги мотивира и соиграчите од клуб, но и во репрезентацијата. Кога сме кај националниот тим ќе остане запаметен тајм-аутот на ЕП 2018 во Хрватска со лажниот цепелин.

ПретходноУ21 репрезентацијата тренираше во Јончепинг: Ќе дадеме се од себе за добар старт на квалификациите
СледноПандев: Италија сега е поопасна, ми се допаѓа Миовски, жал ми е за Трајковски