Деби со трофеј на легендата Стојанче Стоилов!

380

Вардар 1961 испрати порака до сите противници пред стартот на сезоната, а се чини најдобро ја почувствува Пелистер. Вечниот ривал доби предупредување, битолчани во Супер-Купот беа совладани со убедливи 26-30.

На клупата на Вардар 1961 го немаше Владо Недановски, кој доби суспензија од четири меча на крајот на минатата сезона. Неговото место покрај теренот му припадна на Стојанче Стоилов.

Легендата на Вардар 1961 имаше деби од соништата, под неговото водство „црвено-црните“ дојдоа до првиот официјален пехар оваа сезона.

Погледнете како го мотивираше тимот за време на тајм-аутите. Столе едноставно не застана цел меч.

Ова е прв пехар и за Борко Ристовски во неговата нова кариера, а тоа е извршен директор на Вардар 1961.

ПретходноМожеби составот е променет, ама „апетитите“ остануваат исти (ФОТО)
СледноРоналдо сурово искрен: Јас и Меси завршивме, одбележавме една ера!