ЕУРО 2020: Данска добро се држи – ќе се играат продолженија на „Вембли“

117

Резултатот на мечот Англија-Данска е 1:1 по 90-минутна борба на „Вембли“ што значи дека ќе се играат продолженија. Данците поведоа во 30. минута со прекрасниот погодок на Дамсгард од слободен удар, а изедначи Рахим Стерлинг девет минути подоцна на асистенција на Сако.

Во вториот дел шанси имаа и двете екипи, но побројни беа на Англичаните, а Пикфорд односно Шмајхел беа на висина на задачата.

Данците атакуваат на своето второ финале на ЕП по онаа во 1992 година, а Англија на првото.

ПретходноПретседателот на Бенфика во притвор – обвинет е за перење на пари и даночни измами
СледноХави Мартинез е нов играч на Катар СК