Репрезентацијата на Летонија со конечни 87:82 предмалку ја совлада Италија во разигрувањето по позиции на Мундобаскетот и ќе игра за петтото место во конечниот пласман. Летонците ќе го чекаат подобриот од Литванија и Словенија кој се игра од 14:30 денеска за го дознаат својот следен противник.
Конкретно за овој дуел Летонија покажа повеќе, ги погоди клучните удари во финишот на мечот, пред се за три поени и одигра подобра одбрана.
Најдобар поединец беше Гразулис, со 28 поени додека Датоме на спротивната страна застана на свои 20.