Една од најголемите ѕвезди на англискиот фудбал во поблиското минато, мајкл Овен, имаше емотивен пост на социјалните мрежи веднаш по победата на Англија над Данска синоќа и пласманот во финалето на Еуро 2020.
„Не сум сигурен дали имаше пенал, но кому му е гајле“, напиша Овен , очигледно воодушевен од триумфот на Англичаните.
Подоцна излезе и со малку поширок свој став.
„Без оглед на резултатот, не мислам дека замената на Џек Грилиш беше добра одлука, бидејќи тој е совршен играч кој знае кога треба да ја држи топката, да освојува прекршоци и да го забавува ритамот и времето“, рече поранешниот напаѓач.