Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек е се поблиску до заминување во Турција
Според ESPN, 26-годишниот фудбалер може да ја продолжи кариерата во Фенербахче или Галатасарај. Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, му рекол на играчот од средниот ред дека не смета на него по потписите на Мејсон Маунт и Софијан Амрабат.
Според изворот, англискиот клуб е подготвен да го разгледа секој предлог за Ван де Бек, а Турците се уште се во игра затоа то кај нив трансфер периодот се затвора на 15 септември.