Црногорците направија пресврт, но на крајот не победија (ВИДЕО)

205

Репрезентацијата на Црна Гора одигра само 2:2 на гостувањето кај Литванија, иако до 94. минута имаше водство од 2:1. Црногорските фудбалери успеаја да направет пресврт од 0:1 до 2:1 против Литванија во Каунас, но не и да победат. Литванците израмнија во судиското надополнување за голема радост на домашните фанови.

Головите за Литванија ги постигнаа Паулаускас и Черних, додека за Црна Гора прецизни беа Крстовиќ и Савиќ.

Во следното коло Црна Гора ќе игра против Бугарија на 10 септември во Подгорица.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноПотврдени термините за осминафиналето: Утре во Варна почнува битката за медали
СледноУ17: Реми на првиот тест со Косово