УЕФА вечерва ги промени судиите за саботниот дуел меѓу Македонија и Италија во рамките на квалификациите за ЕП 2024. Иако беше најавен Германецот Феликс Цвајер, сепак на центарот во Скопје ќе имаме француска судиска тројка.
Главен судија на мечот ќе биде Франсоа Летисие, а ќе му асистираат неговите сонародници Закрани и Рамуни. Француска ќе биде и поддршката од ВАР собата.
Летесие во 2017 година и судеше на младата репрезентација на Македонија до 21 година на завршницата на ЕП во Полска, кога селектор на оваа репрезентација беше Благоја Милевски. Летисие беше главен на мечот Македонија – Србија кој заврши со резултат 2:2.