Марк Маркез си заминува од Хонда

257

Шпанецот Марк Маркез следната сезона би можел да вози за тимот на Гресини во Мото ГП шампионатот, пренесува шпански „Ас“.

Маркез моментално е член на тимот на Репсол Хонда, а со овој тим освои шест титули во „кралската класа“. Тој еднаш беше светски шампион и во класата Мото 2 и во класата Мото 3.

Маркез оваа сезона освои само 22 бода и е само 19-ти во генералниот пласман на возачи.

панецот имаше бројни несреќи и успеа да заврши само две трки. Шпанските медиуми потсетуваат дека за тимот на Гресини вози и помладиот брат на Марко Маркез, Алекс, кој сезонава освои 102 бода.

Следната трка во Мото ГП шампионатот ќе се вози на 10 септември за Големата награда на Сан Марино.

ПретходноПикси по поразот од Унгарија: Не е крај на светот!
СледноЌе има ли нов случај Гринвуд во Манчестер Ј.? Уште две жени го обвинија Ентони за насилство