Селекторот на Италија за Македонија: Ако стигнале до осминафинале значи дека имаат квалитет

375

Селекторот на италијанската одбојкарска репрезентација, Фердинандо Де Џорџи, по пристигнувањето на „аѕурите“ во Бари вели дека најважно де добро да се подготват за дуелот со Македонија во утрешното осминафинале. Според италијанскиот селектор, сите екипи кои се пласираа во осминафиналето имаат одлични квалитети.

„Подготвени сме да одиграме повеќе натпревари во серија. Денеска ќе ја анализираме играта на Македонија за да дознаеме нешто повеќе за нашиот следен противник. Сите екипи кои стигнаа до осминафиналето имаат одлични кавлитети. Последниот натпревар против Германија беше тежок, па и поради тоа што немаше резултатска важност, решивме да не се откажуваме од неколку клучни играчи. Сега е време да заборавиме се што се случуваше досега и да тргнеме одново. Има неколку репрезентации кои сериозно посакуваат медал и секако до крајот ќе биде многу тешко“, вели Де Џорџи, кој во Бари ќе се чувствува како дома, затоа што е роден во регионот Пуља.

ПретходноЌе има ли нов случај Гринвуд во Манчестер Ј.? Уште две жени го обвинија Ентони за насилство
СледноСаудијците и фудбалска логика: Го платија 30 милиони евра, па го избркаа по 2 месеци!?