Имобиле: Теренот е со дупки, ќе биде многу тешко да се игра

1020

Италија утре во Скопје ќе ги одмери силите со Македонија во квалификациски меч за пласман на ЕП 2024. „Аѕурите“ се фаворити, македонскиот тим покажа дека може да се надигрува со италијанските ѕвезди па ќе видиме што ќе излезе од мечот утре на Арената.

Италија доаѓа со нов селектор, но и нов капитен во името на Чиро Имобиле.

Тоа што сум капитен на Италија ми претставува чест и задоволство. На моите наследници ќе можам да им пренесам како е да се предводи сопствената држава. Националниот дрес секогаш има тежина за мене, тоа е огромна одговорност. Тој дрес ги претставува сите клубови. Едно сосема ново искуство, работа со нов селектор од кого може многу да се научи.

Јас секогаш се трудам да го развивам тоа чувство на припадност и на лојалност каде и да сум. Со Манчини имавме многу победи но и едно големо разочарување. Се надевам дека со Спалети ќе имаме многу победи“, изјави Имобиле.

За Македонија и за теренот.

Игравме со нив пред две години во многу деликатен момент. Тогаш бевме многу нервозни и затоа плативме со пораз. Македонија има силен тим, играчите играат во силни екипи, Елмас е исклучително добар фудбалер и многу добро го знам. Го видовме теренот, тој е многу лош, со многу дупки и ќе биде тешко да се игра“, додаде италијанскиот напаѓач.

ПретходноОдбојкарите ја почувствуваа арената “Палафлорио” каде утре ќе излеземе на мегдан со светскиот шампион (ФОТО)
СледноСпалети: Елиф ми е како син, утре ќе го прегрнам, ќе има многу емоции