Италија очекува рекордна тв-гледаност на денешниот осминафинален меч со Македонија

177

Италијанците имаат посебен однос кон одбојката, а тоа го покажува и ТВ-интересот за натпреварите на нивната репрезентација. Како што објавија италијанските медиуми, денешниот меч меѓу Македонија и Италија во осминафиналето на Евроволеј 2023 треба да донесе рекордна гледаност на италијанската телевизија РАИ.

Последните бројки велат дека мечот од последното 5. коло во групната фаза меѓу Италија и Германија (3:2) го гледале 1,86 милиони гледачи пред ТВ-екраните на националната телевизија РАИ. Денеска, РАИ очекува гледаноста на осминафиналето со Македонија да ја надмине бројката од 2 милиони, на кои ќе им се додадат и над 600.000 гледачи кои обично одбјка гледаат преку платформата SKY Italia.

ПретходноСејдини и Гравина на срдечна средба пред дуелот Македонија – Италија (ВИДЕО)
СледноЖФК Љуботен убедливо загуби и од Мура