Не е тајна дека во пресрет на вечерашниот дуел во квалификациите меѓу Македонија и Италија, гостите ја имаат улогата на голем фаворит. Тоа го кажуваат сите, па и нашите фудбалери. Што се однесува до обложувалниците, и тие сметаат дека Италија е во предност па затоа коефициентот за победа на гостите е 1.40. Од друга страна за победа на Македонија, односно за „1“ тој е дури 9.00. Тоа значи дека ако се уплатат 1.000 денари на победа на Македонија добивката би била 9.000.
Инаку за реми коефициентот е 5.00.
Да се надеваме дека нашите репрезентативци ќе изнајдат сили и со помош на публиката на Арената “Тодор Проески“ ќе дојдат до добар резултат.










