Нов проблем за Мурињо, уште еден дефанзивец во „аут“

44
фото: Real Madrid C.F. @realmadrid (X)

Реал Мадрид би можел да остане без уште еден дефанзивец поради повреда, откако Раул Асенсио е пред одлука да се подложи на операција. Според „Марка“, 23-годишниот фудбалер веќе девет месеци има проблеми со десната тибија, а конзервативниот третман досега не го решил проблемот.

Можноста за хируршка интервенција била разгледувана уште на крајот од минатата сезона, но тогаш клубот и играчот одлучиле да продолжат со нехируршки третман. Сепак, болките повторно се појавиле во август, а последниот период на рехабилитација не донел очекувано подобрување.

Одлуката за операција треба да биде донесена наскоро, а доколку биде извршена, Асенсио би бил надвор од терените околу два до три месеци. Асенсио оваа сезона сè уште нема настап за Реал Мадрид, а неговата евентуална операција дополнително ќе ја намали ротацијата во дефанзивната линија на шпанскиот гигант.

ПретходноПрвиот човек на португалскиот фудбал замина во Данска да го гаси „пожарот“ кој го напрaви Роналдо
СледноМакедонија не се сети на Среќко Катанец! Срамота…